6. А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија.
7. Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши.
8. Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет.
9. Кој има уши да слуша, нека слуша!”
10. И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?”
11. А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12. Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има.
13. Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат.
14. И врз нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе слушате и нема да разбирате; со очите ќе гледате и нема да видите.
15. Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам.’
16. А вашите очи се блажени, зашто гледаат; и вашите уши зашто слушаат.