Матеј 13:52-58 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

52. А Тој им рече: „Затоа секој книжник, поучен за царството небесно, прилега на домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо.”

53. И се случи кога Исус ги сврши тие параболи, да замине оттаму.

54. И штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивните синагоги, така што се зачудуваа и зборуваа: „Откаде Му се на Овој оваа мудрост и силни дела?

55. Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?

56. И Неговите сестри не се ли сите со нас? Откаде Му е тогаш на Овој сето тоа?”

57. И се соблазнуваа во Него. А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата татковина и во својот дом.”

58. И не изврши таму многу силни дела, заради нивното неверување.

Матеј 13