Матеј 13:43-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!”

44. ”И пак, царството небесно е слично на благо сокриено во нивата, кое човекот го нашол и го скрил, па во својата радост оди и продава сè што има, и ја купува таа нива.”

45. ”И пак, царството небесно е слично и на трговец, кој бара убави бисери.

46. А кога најде еден скапоцен бисер, оди и продава сè што има, и го купува.”

47. ”И пак, царството небесно уште е слично на мрежа, фрлена во морето, која собира риби од секаков вид.

Матеј 13