Матеј 13:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде.

26. А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот.

27. А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’

28. А тој им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’Слугите пак му рекоа: ‘Сакаш ли тогаш да одиме и да го исплевиме?’

Матеј 13