Матеј 13:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Им претстави и друга парабола, велејќи: „Царството небесно е слично на човек, кој посеал добро семе на својата нива.

25. Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде.

26. А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот.

27. А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’

Матеј 13