Матеј 11:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.

10. Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’

11. Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.

Матеј 11