Матеј 11:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. слепите прогледуваат и хромите одат, лепрозните се очистуваат и глувите слушаат, мртви воскреснуваат и бедните го примаат Евангелието;

6. и блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.”

7. Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што ветерот ја лулее?

8. Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци.

9. Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.

10. Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’

11. Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.

12. А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;

13. зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована;

14. и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15. Кој има уши нека слуша!”

16. ”А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите,

17. велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’

18. Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!”

Матеј 11