4. Исус им одговори и рече: „Одете и јавете му на Јована што слушате и што гледате:
5. слепите прогледуваат и хромите одат, лепрозните се очистуваат и глувите слушаат, мртви воскреснуваат и бедните го примаат Евангелието;
6. и блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.”
7. Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што ветерот ја лулее?
8. Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци.
9. Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.
10. Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’