Матеј 11:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.

12. А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;

13. зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована;

14. и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15. Кој има уши нека слуша!”

16. ”А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите,

17. велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’

Матеј 11