Матеј 10:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана.

11. А кога влезете во кој и да било град или село, распрашајте кој е достоен во него; и останете таму додека не отидете од него.

12. А кога ќе влезете во домот, поздравете го.

13. И ако навистина куќата биде достојна, вашиот мир нека дојде на неа; а ако не биде достојна, вашиот мир нека ви се врати вам.

14. И ако некој не ве прими, ниту ги послуша вашите зборови, кога излегувате од таа куќа или град истресете го правот од вашите нозе.

Матеј 10