Матеј 1:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели:

23. ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!”

24. А кога Јосиф се разбуди од сонот, направи како што му заповеда Господовиот ангел, ја зеде својата жена.

25. И не ја позна, додека таа не Го роди нејзиниот Син, Првородениот; и тој Го нарече Исус.

Матеј 1