Марко 9:31-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. имено, ги поучуваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден.

32. Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.”

33. И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?”

34. А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем.

35. Тој пак седна, ги повика Дванаесетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!”

Марко 9