Марко 8:35-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси.

36. Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа и напакости!

37. Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа?

38. Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.”

Марко 8