Марко 8:27-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Филипова; а патем ги прашуваше Своите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?”

28. Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.”

29. Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?” Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос”.

Марко 8