Марко 8:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Очи имате, а не гледате? Уши имате, а не слушате?

19. И не си спомнувате ли, кога ги раскршив петте лебови на пет илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?” Му рекоа: „Дванаесет.”

20. Кога раскршив седум лебови на четири илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?” Рекоа: „Седум”.

21. И им рече: „Уште ли не разбирате?”

22. И дојдоа во Витсаида. И Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре.

Марко 8