Марко 6:54-56 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

54. Кога излегоа од коработ, веднаш Го познаа,

55. се растрчаа по целата таа околија и почнаа да донесуваат болни, на постели, каде што чуја дека е Тој.

56. И каде и да влегуваше во села, или во градови, или во селца, на трговиштата ги ставаа болните и Го молеа да Го допрат барем до ресите на Неговата облека. И сите, кои Го допреа беа исцелени.

Марко 6