17. Имено, Ирод испрати и го фати Јована и го врза во темницата, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, бидејќи се ожени со неа,
18. зашто Јован му велеше на Ирода: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на брата си.”
19. А Иродијада беше озлобена на него и сакаше да го убие, но не можеше.
20. Зашто Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е човек праведен и свет, и го пазеше; и кога го слушаше, се збунуваше многу, но сепак го слушаше со задоволство.
21. И кога дојде погоден ден, кога Ирод на својот роденден, им даде вечера на своите кнезови, на војводите и на галилејските прваци;
22. влезе Иродијадината ќерка и поигра и им угоди на Ирода и на прилегнатите со него, и царот и рече на девојката: „Побарај од мене што сакаш и ќе ти дадам.”
23. И и, се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам - до половина на моето царство.”
24. А таа излезе и и рече на мајка си: „Што да побарам?” А таа рече: „Главата на Јована Крстител.”
25. И веднаш, откако влезе брзо кај царот, побара, велејќи: „Сакам да ми ја дадеш, сега веднаш, на послужавник главата на Јована Крстител.”
26. И царот многу се натажи, но заради заклетвата и оние што седеа со него, не сакаше да ја одбие.