Марко 5:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. И кога Исус пак премина со кораб на другата страна, многу народ се собра при Него, а Тој беше покрај морето.

22. И дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир и кога Го виде, падна пред Неговите нозе.

23. И Го молеше многу, велејќи: „Мојата ќерка е на умирање, дојди и положи ги рацете над неа - за да биде спасена и да живее!”

24. И отиде со него. И многу народ одеше по Него и Го притискаше.

Марко 5