Марко 4:34-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. А без параболи ништо не им говореше, но насамо им објаснуваше сè на Своите ученици.

35. И вечерта на истиот ден им рече: „Да преминеме на другата страна!”

36. И кога го отпуштија народот Го зедоа Исуса со себе, како што беше во коработ; и други кораби беа со Него.

37. И се подигна силна бура, а брановите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе се полнеше.

38. А Тој при кормилото спиеше на перница. И Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа, што ние загинуваме?”

39. И стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: „Стивни! Молкни!” И ветерот стивна и настана голема тишина.

40. И им рече: „Зошто се плашите толку? Како немате вера?”

41. И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е Овој, што и ветерот и морето Му се покоруваат?”

Марко 4