Марко 4:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. ”Слушајте! Ете, излезе сејач да сее.

4. И кога сееше, едно зрно падна покрај патот, и дојдоа птици и го исколваа.

5. Друго падна на каменлива почва, каде немаше многу земја; и никна брзо, зашто немаше длабока земја.

6. А кога сонцето изгреа, овена и бидејќи немаше корен се исуши.

7. И друго падна во трње, и трњето израсна и го загуши, па не донесе плод.

8. А друго падна на добра земја и донесе плод, кој напредуваше и растеше, и принесе: едно триесет, и друго шеесет, а друго сто.”

Марко 4