Марко 4:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. И им рече: „Затоа ли се внесува светилка за да се стави под вршник или под легло, а не за да се стави на светилникот?

22. Зашто ништо не е скриено, што не ќе биде откриено; или што е направено тајно, а да не излезе на видело.

23. Кој има уши да слуша, нека слуша!”

24. И им рече: „Внимавајте што слушате! Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придаде вам, кои слушате.

Марко 4