Марко 4:16-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Исто, посеани врз каменлива почва се оние, кои - штом го чујат словото - го примаат со радост,

17. но немаат во себе корен, туку се непостојани, и кога ќе дојде неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.

18. А другите, што се посеани во трње, тоа се оние, кои го чуле словото,

19. но светските грижи, и измамливоста на богатството, и желбите за други работи, кога ќе влезат го загушуваат словото, и останува без плод.

20. А посеаните на добра земја се оние, кои го слушаат словото, го примаат и донесуваат плод: еден триесет, и еден шеесет, и еден сто.

21. И им рече: „Затоа ли се внесува светилка за да се стави под вршник или под легло, а не за да се стави на светилникот?

22. Зашто ништо не е скриено, што не ќе биде откриено; или што е направено тајно, а да не излезе на видело.

23. Кој има уши да слуша, нека слуша!”

24. И им рече: „Внимавајте што слушате! Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придаде вам, кои слушате.

25. Зашто кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што го има.”

26. И велеше: „Така, Божјото Царство е како кога човек ќе фрли семе во земја;

27. и спие и станува ноќе и дење, а семето никнува и расте, а самиот не знае како.

28. Земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебло, после клас - потоа клас полн со зрна.

29. А кога плодот узрее, веднаш испраќа срп, зашто настанала жетва.”

30. И велеше: „Со што да го споредиме Божјото Царство? Со каква парабола да го претставиме?

Марко 4