6. А фарисеите, кога излегоа, веднаш се советуваа со иродовците против Него, за да Го уништат.
7. А Исус се повлече со Своите ученици кон морето, и големо мноштво од Галилеја, тргна по Него, и од Јудеја,
8. и од Ерусалим, од Идумеја и од другата страна на Јордан; од околината на Тир и Сидон, големо множество дојде при Него, откако чуја што правел.
9. И им рече на Своите ученици да Му се приготви еден кораб, заради народот, за да не Го притискаат.
10. Бидејќи мнозина излекува, така што навалуваа на Него сите, кои страдаа, за да Го допрат.
11. И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син!”
12. И им забрануваше строго да не Го разгласуваат.
13. И се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои ги сакаше и тие отидоа кај Него.
14. И определи Дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат,
15. и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите.
16. И ги определи Дванаесетмина: и на Симона му го даде името Петар,
17. па Јакова Зеведеев и Јована, братот Јаковов, на кои им го даде името Воанергес - што значи: Синови на Громот;