Марко 3:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. И дојде во една куќа, и пак се собра народ, така што не можеа ни леб да јадат.

21. А кога Неговите чуја за тоа, излегоа за да Го приберат, зашто зборуваа дека не е при Себеси.

22. Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите.

23. И откако ги повика, им зборуваше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?

Марко 3