Марко 2:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Им рече: „Зар никогаш не сте читале, што направи Давид кога беше во неволја и кога огладне тој и оние, кои беа со него?

26. Како влезе во Божјиот дом, во времето на првосвештеникот Авијатар, и ги изеде поставените лебови, кои никој не смее да ги јаде, освен свештениците; и им даде на оние, кои беа со него!”

27. И им рече: „Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата.

28. Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.”

Марко 2