Марко 15:33-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.

34. А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!”- што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!”

35. Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа:”Ете, го вика Илија!”

36. И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!”

37. А Исус викна со силен глас и издивна.

38. И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу.

Марко 15