Марко 14:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.”

28. А по Своето воскресение, ќе отидам пред вас во Галилеја.”

29. А Петар Му рече: „Ако и сите се соблазнат, но јас - не.”

30. И Исус му рече: „Вистина ти велам, дека ти денес, во оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.”

31. Но тој уште поупорно зборуваше: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!” И сите го велеа истото.

32. И дојдоа до место, по име Гетсиманија, и им рече на Своите ученици: „Седете тука, додека се помолам!”

Марко 14