Марко 13:32-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.”

33. ”Внимавајте, бдејте! Зашто не знаете, кога ќе биде времето!

34. Како човек, кој - тргнувајќи на пат - ја остави својата куќа и ги овласти своите слуги, секому му ја одреди неговата работа, а на вратарот му нареди да бдее.

35. И така: бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде господарот на куќата: навечер ли, или на полноќ, или кога петлите ќе пропеат, или наутро,

36. за да не дојде одненадеж и да ве најде заспани.

37. А што ви зборувам вам, на сите им зборувам: бдејте!”

Марко 13