Марко 13:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. А кога ќе ве поведат и ве предадат, не грижете се однапред што ќе зборувате; туку што ќе ви биде дадено во тој час, зборувајте го тоа: зашто нема да зборувате вие, туку Светиот Дух.

12. И брат брата ќе предаде на смрт, и татко - чедо. И децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат.

13. И сите ќе ве мразат заради Мене, а кој претрпи до крај, тој ќе се спаси.

14. А кога ќе видите дека ‘мерзоста на запустението’ како што рече пророкот Даниел, да стои, каде што не треба - кој чита, нека разбере! - тогаш оние, кои се во Јудеја, нека бегаат по горите!

Марко 13