Марко 12:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И така, што ќе направи сега господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе го даде на други.

10. Зар не сте ги прочитале овие зборови во Писмото: ‘Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот;

11. тоа е од Господа и прекрасно е во нашите очи’!”

12. И бараа да Го фатат, но се плашеа од народот; зашто разбраа дека за нив ја кажа таа парабола. И Го оставија и си отидоа.

13. Тогаш испратија некои од фарисеите и иродовците, за да Го фатат во збор.

Марко 12