Марко 12:42-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. И дојде една бедна вдовица и пушти внатре две лепти, односно еден кодрант.

43. Тогаш ги повика Своите ученици и им рече: „Вистина ви велам, дека беднава вдовица даде повеќе од сите, кои пуштаа во ковчежето.

44. Зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата немаштина - пушти сè што имаше: целиот свој имот.”

Марко 12