Марко 12:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И пак им испрати друг слуга; и нему каменувајќи го, го погодија по глава и го отпуштија навреден.

5. Испрати и друг, а него го убија; и мнозина други: едни претепаа, а други убија.

6. Имаше уште еден: возљубениот син. Него го испрати последен при нив, велејќи: ‘Ќе го почитуваат мојот син!’

7. Но, земјоделците си рекоа меѓу себе: ‘Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’

Марко 12