Марко 12:37-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Самиот Давид Го наречува ‘Господ’ - како може тогаш да му биде син?” И големо множество Го слушаше со задоволство.

38. И во Својата поука, рече: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат: да одат во долги облеки; и поздрави по трговиштата;

39. и први седишта во синагогите, и челни места на гозбите.

40. Кои ги изедуваат домовите на вдовиците; и преправајќи се, се молат долго - тие ќе бидат судени построго!”

Марко 12