Марко 12:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје; го загради со плет; ископа точилница; изгради кула, и им го даде под наем на земјоделците, и замина.

2. А во време на плод, испрати слуга кај земјоделците, да прими од земјоделците дел од плодот на лозјето.

3. Но тие го фатија, го претепаа и го пуштија со празни раце.

4. И пак им испрати друг слуга; и нему каменувајќи го, го погодија по глава и го отпуштија навреден.

5. Испрати и друг, а него го убија; и мнозина други: едни претепаа, а други убија.

Марко 12