Марко 11:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ - речете: ‘Му треба на Господа’, и тој веднаш ќе го прати тука.”

4. И отидоа и го најдоа ослето врзано до вратата, надвор покрај патот, и го одврзаа.

5. А некои од оние, кои стоеја таму им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате ослето?”

6. А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија.

7. И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него.

8. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите.

Марко 11