Марко 10:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да и се напише разводно писмо и да се остави.”

5. Но Исус им рече: „Заради вашето кораво срце - тој ви ја напиша таа заповед.

6. Но, во почетокот на создавањето, Бог ги создаде: машко и женско.

7. Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до жена си;

8. и двајцата ќе бидат едно тело. И така, не се веќе две - а едно тело.

9. И така, Бог што соединил, човекот да не раздвојува.

Марко 10