Марко 10:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Вистина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.”

16. И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.

17. И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?”

18. А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.

19. Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”

Марко 10