Марко 1:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалимци; и тој ги крштаваше во реката Јордан, при што тие ги исповедуваа своите гревови.

6. А Јован беше облечен во облека од камилски влакна и имаше кожен појас околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед.

7. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки.

8. Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.”

Марко 1