Марко 1:41-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!”

42. И веднаш лепрата отиде од него и стана чист.

43. И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти

44. и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш! Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.”

45. А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за настанот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни.

Марко 1