Марко 1:33-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. и целиот град се собра пред вратата.

34. И исцели мнозина, кои страдаа од разни болести: и истера многу бесови, и не им одобри на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја.

35. А наутро, додека уште беше темно, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.

36. А Симон и оние, кои беа со него, поитаа по Него,

37. и кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!”

38. И им одговори: „Да одиме: во соседните села, да проповедам и таму, зашто затоа и излегов.”

Марко 1