Малахија 4:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Зашто еве, доаѓа ден вжарен како печка; горделивите и злосторниците ќе бидат како плева: денот кој наближува, ќе ги изгори - говори Господ над Воинствата - та нема да им остави ни корен ни гранче.

2. А вам, кои се боите од Моето име, ќе ви изгрее сонцето на правдата со здравје во крилјата, и вие ќе излегувате потскокнувајќи како телиња на пасење.

3. И ќе ги газите беззакониците како прав под нозете во Денот што го подготвувам - говори Господ над Воинствата.

Малахија 4