Малахија 3:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Удрени сте со проклетство, зашто Ми задржувате вие, сиот народ!

10. Донесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во Мојот Дом. Тогаш испитајте Ме - зборува Господ над Војските - не ќе ли ви ги отворам небесните брани и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка;

11. нема ли заради вас да му забранам на скакулецот за да не ви ги расипува веќе посевите и за да не ви биде неплодна лозата во полето - говори Господ над Воинствата.

12. Тогаш сите народи ќе ве сметаат за среќни, зашто ќе бидете земја на блаженството - говори Господ над Воинствата.

13. Дрски се вашите беседи против Мене - вели Господ.

14. Вие сепак прашувате: ‘ Што сме зборувале меѓу себе против Тебе?’ Зборувавте: ‘Напразно е да Му се служи на Бога и каква е полза дека ги пазиме Неговите прописи и одиме жалосни пред Господа над Воинствата.

15. Отсега ќе ги наречуваме среќни горделивите: напредуваат оние кои прават зло, иако Го искушуваат Господа, се извлекуваат!’

16. Но кога разговараат оние, кои се плашат од Бога, Господ внимава, ги слуша и тоа се запишува пред Него во Спомен книгата во полза на оние, кои се бојат од Господа и кои Го почитуваат Неговото Име.

17. „Мои ќе бидат, моја печалба - говори Господ над Воинствата. Во Денот што го подготвувам ќе им бидам милостив како што таткото му е милостив на синот, кој му служи.”

18. И тогаш пак ќе го разликувате праведникот од грешникот, оној, кој Му служи на Бога од оној, кој не Му служи.

Малахија 3