Лука 9:35-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. А од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот Син, Мојот Избраник! Слушајте Го Него!”

36. Кога гласот екна, Исус се најде Сам. Тие пак молчеа и никому ништо не кажуваа во тие дни, за она што видоа.

37. А на другиот ден, кога слегуваа од гората големо мноштво Го пресретна.

38. И ете, еден човек од народот извика: „Учителе, Те молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец!

Лука 9