Лука 9:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во Својата слава, и во славата на Таткото и на светите ангели.

27. И вистина ви велам, има некои меѓу овие, што стојат тука, кои нема да ја вкусат смртта, додека не го видат Божјото Царство.”

28. И на околу осум дена по овие зборови, ги зеде со себе Петра, Јована и Јакова и се искачи на гората да се моли.

29. И додека се молеше Неговото лице се измени, а облеката Му стана бела и сјајна.

30. И ете, два човека разговараа со Него; тоа беа Мојсеј и Илија,

Лука 9