Лука 8:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. И дојдоа и Го разбудија, велејќи: „Учителе, Учителе! Загинуваме!” А Тој се разбуди, им запрети на ветерот и на брановите и се смирија, па настана тишина.

25. А ним им рече: „Каде ви е верата?” А тие, уплашени се чудеа и си рекоа еден на друг: „Кој е Овој што им заповеда на ветровите и на водата, и Му се покоруваат?”

26. И допловија до Гадаринскиот крај, спроти Галилеја.

27. А кога излезе на копно, Го сретна еден човек од градот, кој имаше зли духови, и долго време не носеше облека, ниту живееше во куќа, туку во гробовите.

Лука 8