Лука 7:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Зашто исто и јас сум човек под власт, и имам потчинети војници; и на едниот му велам: ‘Оди!’ и тој оди; а на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и го прави.”

9. Кога го чу тоа, Исус се зачуди и се заврте кон народот, што врвеше по Него и рече: „Ви велам, толкава вера не најдов ни во Израел.”

10. И кога испратените се вратија дома, го најдоа слугата здрав.

11. Потоа Исус отиде во градот наречен Наин; а со Него одеа Неговите ученици и големо множество.

Лука 7