Лука 7:47-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. Затоа, ти велам, простени и се многу гревови, зашто имаше многу љубов; кому малку се простува - малку љуби.”

48. А нејзе и рече: „Простени ти се гревовите.”

49. А тие, кои беа заедно покрај трпезата, почнаа да зборуваат во себе: „Кој е Овој, Кој и гревови проштава?”

50. А на жената и рече: „Твојата вера те спаси! Оди си со мир!”

Лука 7