Лука 7:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. И сиот народ, кој чу - и цариниците - ја признаа Божјата правда, зашто беа крстени со Јовановото крштавање.

30. А фарисеите и закониците го отфрлија она, што Бог сакаше да направи со нив, и не го примија неговото крштавање.

31. А со кого да ги споредам луѓето од ова поколение? Кому му се слични?

32. Тие се како децата, кои седат по пазариштата и си викаат едни на други: ‘Ви свиревме и не игравте! Ридавме и не плачевте!’

33. Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „Бес има!”

Лука 7