Лука 7:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. и блажен е оној, кој не ќе се соблазни во Мене!”

24. А кога Јовановите пратеници си отидоа, почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што ветерот ја лулее?

25. Или, што излеговте да видите? Човек облечен во меки облеки? Ете, луѓето, кои носат сјајни облеки и живеат раскошно, се во царските дворци.

26. Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам и повеќе од пророк!

27. Тој е оној, за кого е пишано: „Ете, го праќам Мојот Ангел пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе!”

Лука 7