Лука 6:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И кога слезе, заедно со нив, и застана на едно рамно место, и множество Негови ученици и множество народ од цела Јудеја и од Ерусалим, од Тирското и Сидонското приморје,

18. кои дојдоа да Го чујат и да се исцелат од своите болести, и оздравуваа и оние, кои беа измачувани од нечисти духови.

19. И целиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.

20. И Тој ги подигна Своите очи кон Своите ученици и рече: „Блажени сте вие бедните, зашто е ваше Божјото Царство!

Лука 6